Во теленовелата Касандра, која цела Македонија ја гледаше во 90-те, секако најпознати ликови беа Игнасио и Касандра. Сепак, многумина го забележаа Ранду, фрлачот на ножеви кој со Касандра во циркусот изведуваше трикови од кои на публиката ѝ застануваше здивот. Тогаш на сите стравот им беше заеднички – дека ќе ја прободе со нож.
Актерот Хенри Сото денес има 58 години, глуми во театар и се занимава со хуманитарна работа.
Касандра која во серијата ја глумеше Кореима Тпрес, беше неговата ветена невеста, а многумина не го сакаа затоа што стоеше меѓу неа и Луис Давид.
Понекогаш се присетува на големиот успех и тоа го споделува на Инстаграм истакнувајќи дека Касандра е најгледаната серија од Венецуела.