ФОТО: Била дебела, па купила нов телефон и започнала нејзината трансформација – денес има тело како девојка

0
112


73-годишна баба ослабела 25 килограми и тоа така што го местела својот телефон да ѝ помага во тоа.

Џоан Макдоналд од Онтарио целиот живот се борела со вишок килограми. Како што самата вели, со храна се обидувала да избега од лошиот брак и наскоро достигнала 90 килограми. После тоа го оперирала коленото и го намалила движењето, додатно се здебелила и здравствената состојба ѝ се влошила.

Со тоа многу ја загрижила својата ќерка, 48-годишната Мишел, која ја наговорила да се придружи на програмите за слабеење.

Така, во јануари 2017 година Џоан почнала да вежба во теретана четири пати неделно и целосно ја променила исхраната. Сетоа тоа го правела со помош на апликација на телефонот која ја прилагодила на своите потреби и ја следела.

Мишел на својата мајка ѝ отворила и Инстаграм профил на кој објавува фотографии од напредокот и со тоа диполнително се мотивира. 

Џоен редовно користи Инстаграм, каде вели дека има многу додворувачи.

-Сепак, најмногу ми значат пофалбите од сопругот кој редовно ми дели комплименти. Мене сега ми е потребно да одбегнувам мрсна храна и сакам да го одржам овој изглед, а за сите кои бараат инспирација сакам да кажам да не очекуваат чуда и промени преку ноќ. Менувајте ситница по ситница, резултатите ќе бидат видливи, а на вас нема да ви биде претешко – порачала оваа баба.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here