ФОТО: Ана со децении е во брак со хирург кој редовно ја оперира и од неа прави совршена жена – таа му е подвижна реклама

0
98


Сопругот со децении ѝ прави естетски зафати на својата сопруга, од која се труди да направи „совршена жена“.

47-годишниот доктор Филип крафт е естетски хирург кој има клиника во Мајами и е во брак со 43-годишната Ана Крафт. Таа е негов редовен клиент кој од неа прави совршена жена за себе. Уште еден мотив кој стои зад неговите чести поправки е тоа што сака неговата сопруга да му биде движечка реклама.

Ana i Filip

Филип, како што вели самиот, отсекогаш ја средувал Ана, но интензивно почнал да се занимава со тоа после нејзиното прво породување во обид да го врати времето.

-И јас на почетокот бев против неговата идеја да ме оперира, но после двете деца, и самата се обидов да го вратам телото во првобитна состојба, како пред децата – вели Ана.

И така започнало: липосукција, силикони, отоски, преобликување на струкот и задникот, намалување на струкот и уште многу други работи.

Ana nekad (levo) i sad (desno)

-Филип обожава да редизајнира се, од мебел до автомобили. Но, најмногу сака да ме редизајнира мене. Среќна сум што му дозволив затоа што навистина имам совршено тело. Дури имам и стомачи кои не ги имав кога бев млада – вели Ана.

А, Филип вели дека ботоксите и филерите се „задолжителни за секоја жена која има над 25 години“.

-Секогаш на пациентите им ја покажувам Ана и им велам „ако се прашувате колку сум добар, погледнете ја мојата сопруга“. Ако некој изгледа совршено, тоа е таа – вели Филип.

Ana Kraft





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here