Филм: Враќање во Зомбиленд (Zombieland: Double Tap)

0
109


Талахаси, Вичита, Колумбус и Литл Рок се борат со зомбиња во потрага по нов безбеден дом

 

Дејството се случува неколку години по настаните од првиот филм, повторно соединувајќи ги сите четири главни ликови од оригиналната екипа заедно со нови карактери што без сомнение внесуваат свежина во продолжението. Приказната повторно се врти околу Талахаси, Вичита, Колумбус и Литл Рок – неочекувана група странци кои стануваат семејство во првиот филм.

https://www.kafepauza.mk/ https://www.kafepauza.mk/

Во годините што изминале, тие успеале да го најдат својот пат до Белата Куќа, ги расчистиле сите зомбиња, поставиле барикади и живееле во мир и тишина на местото што некогаш му припаѓало на претседателот. Литл Рок, која скоро ги надминала тинејџерските години, има убава татко-ќерка врска со Талахаси, а Кулумбус и Вичита се во вистинска благосостојба спиејќи во спалната на Линколн.

https://www.kafepauza.mk/ https://www.kafepauza.mk/

Но, откако Кулумбус ќе ја побара за жена Вичита, таа ќе се исплаши и ќе тргне во потрага по нов дом заедно со Литл Рок. Ова ќе започне низа настани полни со авантури што скоро ќе ја убијат цела група, како и секогаш досега, но и ќе ги доближи до други преживеани, за прв пат по многу време. Изгледа дека сите го бараат нивниот безбеден дом во кој ќе останат засекогаш…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here