Филипче: Во овие 12 градови веќе нема заразени лица

0
54


Заклучно денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на COVID-19. Да ги почитуваме мерките и да го задржиме овој тренд, објави на Facebook министерот Венко Филипче.

Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки, соопшти тој.

Според најновите податоци, повеќе нема заболени од COVID-19 во следните градови: Пробиштип, Делчево, Струмица, Дебар, Македонски Брод, Виница, Радовиш, Кичево, Крушево, Охрид, Демир Хисар и Гевгелија.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here