Филипче: Битката ја добивме, но војната уште трае

0
54


Министерот за здравство, Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која информираше за ситуацијата со коронавирусот во нашата држава.

На прес-конференцијата беше известено дека патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.

Министерот извести дека во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 21 пациент, 4 на респиратор.

И на инфективните одделенија во Битола, Штип, Тетово, Велес и Куманово се хоспитализирани 62 пациенти.

Вкупно направени се 22.255 тестови.

Сите здравствени лица ќе добијат награда од 20%, тука се вклучени и оние кои го вршат превозот, тестирањата, како и лекарите, сите медицински лица ќе бидат опфатени, потенцираше министерот Филипче.

„Со стого почитување на сите мерки ќе ја задржиме епидемиајта под контрола. Започнуваме да живееме понормално, а ова може да го задржиме доколку ги почитуваме мерките и инстистуциите спроведуваат контроли“.

Вирусот нема да исчезне, ќе биде тука сè додека не стекнеме имунитет, тоа значи дека мора да се навикнеме да ги почитуваме сите мерки и да се грижиме за своето здравје и за здравјето на другите, вели Филипче.

Сите треба да се прилагодат на новата реалност и само така ќе го враќаме животот во нормала, потенцираше Филипче.

Доколку доследно се почитуваат сите мерки, ќе има и понатамошна нормализација. Првата битка ја добивме но војната не е завршена, вели министерот.

Носење маска, држење дистанца и почесто миење на рацете се мерките коишто мора да ги почитуваат сите граѓани.

Филипче упати апел до граѓаните да се воздржат од групирање „за да им помогнеме на здравствените работници и да не пропаднат сите досегашни жртви“.

Прес-конференцијата е во тек.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here