Федерер: Ѓоковиќ и Надал направија мојата популарност да порасне

0
185
loading...

Роџер Федерер смета дека неговата популарност пораснала во текот на периодот на доминација на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Швајцарецот пред неколку недели се врати на првото место на АТП листата, откако во последните 13 месеци освои три од четирите Гренд Слеми на кои играше, но претходно пет години беше во сенка на Србинот и Шпанецот.

„Можеби тоа ми помогна минувањето низ тешките моменти од 2010 и 2011 година кога не освојував многу турнири. Луѓето видоа дека се мачам малку повеќе и поради тоа ме гледаа како обичен човек. Тогаш мојата популарност порасна повеќе, отколку сега кога се вратив на врвот“, вели Федерер.

Неизвесно е кога на терен ќе ги видиме сите тројца споменати тенисери.

loading...

Ѓоковиќ закрепнува од операцијата на лактот, а неодамна за прв пат го зема рекетот во раце.

Надал има проблеми со колената и неизвесен е дури и неговиот настап на Ролан Гарос, а ниту Федерер нема одлучено дали повторно ќе ја пропушти сезоната на земја, како и минатата година и да се врати дури за Вимблдон.

„Сонувам да се вратам на Ролан Гарос. Но не знам, ќе одлучам во април после Индијан Велс. Зависи од тоа како ќе се чувствувам. Тоа е повеќе од обична одлука, тоа е одлука на годината. Тоа е средина од сезоната кога се менува подлогата“, истакна Федерер.

Федерер коментираше и како би можел да изгледа тенисот кога големата четворка ќе се повлече од терените.

„Тешко е да се очекува сега еден играч да успее да освои 10 Гренд Слеми. Сметам дека попрво ќе освојат повеќе тенисери по еден, два, отколку тоа некој сам да го стори тоа. Но, тоа не се предвидуваше ниту за мене. Кога ќе влезеш во серија на освојување каква што сме имале Ѓоковиќ и јас, не застануваш. А потоа, после неколку години гледаш зад себе и сфаќаш дека имаш освоени 10 Гренд Слеми. Тоа е лудо“, заклучи шампионот на 20 Гренд Слеми.

loading...