Уште 4 кинески градови во карантин поради корона вирусот

0
114


Пет кинески градови се ставени во карантин, а официјален Пекинг откажа серија јавни настани по повод Кинеската Нова година во обид да се спречи ширење на смртоносниот корона вирус.

Кинеските власти утрово ги суспендираа транспортните врски од Вухан, што подразбира затворање на автобуските и железничките станици, како и аеродромите и пристаништата. По Вухан, каде прво изби епидемијата и блиските градови Хуанган и Еџоу воведоа слични мерки, а ограничувања воведоа и Чиби и Џијан.

Освен сообраќајот, затворени се и театрите, кината, кафулињата и сите места за забава, а жителите не смеат да го напуштаат градот освен од „посебни причини“.

Локалните власти, исто така, им наложија на туристичките оператори да ги откажат аранжманите, а исто така не се дозволени ни големи културни манифестации.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here