Уште еден земјотрес од 5 степени регистриран во Албанија

0
116


Тирана, 26 ноември 2019 (МИА) – Во Албанија денеска во 14 часот и 5 минути регистриран е уште еден земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на ‘ртот Родон. Земјотресот најмногу се почувствува во Драч и Тирана.

Во меѓувреме, Американскиот геолошки институт соопшти дека Албанија не се наоѓа во таканаречениот земјен „огнен прстен“ и оти нема опасност од цунами.

– Албанија се наоѓа во близина на линијата на тектонски плочи кои поминуваат под Италија, што го прави регионот подложен на осцилации, се наведува во соопштението на Американскиот геолошки институт.

Во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што утрово ја погоди Албанија загинаа најмалку 16, а повредени се повеќе од 600 лица.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here