Утрински температури над нулата, топло и денеска

0
104


Скопје, 5 ноември 2019 (МИА) – Температурите утринава во целата држава се над нулата. Најтопло е во Демир Капија каде се измерени 12 степени, а најстудено во Берово 2 степена.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала облачност особено на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 21 степен.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Лазарополе 23 литри на метар квадратен.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here