Утре без струја неколку скопски општини

0
5


Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат корисници од неколку скопски општини.

-Од 07:20 до 15:30 часот, корисниците од ул. Лазар поп Трајков бр.17,18 19, ул.Ташко Караџа бр.2, 4 ,6 ,8 ул.Трифун Хаџи Јанев бр.8 ,10, 12, во општина Гази Баба, од 09 до 12:00 часот, корисниците од ул. Трајко во нас. Лисиче, општина Аеродром, потоа од 09:30 до 11часот, корисниците од дел од Мал дел од ул.10 во с. Арачиново место викано Арачиновски мост потрошувачите околу ТС с. Арачиново 6, од 09 до 13 часот, корисниците од с. Студеничани околу старата џамија и околу училиштето во општина Студеничани, како и од 09 до 15 часот, корисниците од дел од ул.Анастас Митрев делот кон Железничка станица дел од ул.Петар Ацев, општина Аеродром, стои во соопштението од РЦУК.

Од претпријатието додаваат дека исто така, во утрешниот ден поради изведување водоводен приклучок ф 200 на улица Иван Козаров ББ, прекинато водоснабдување ќе има на ул.Иван Козаров од Чешма до Економско училиште, и дел од Божидар Аџија,Доситеј Обрадовиќ,Киро Крстевски и Марко Цепенков, во општина Кисела Вода.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот сè до санирање на дефектот. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here