Успешна ЕХФ недела за ракометарите

0
103


Со три победи и едно реми македонската машка ракометна репрезентација успешно ја заврши неделата предвидена за пријателски натпревари.

Синоќа ракометарите со тесна победа над Грузија ги заокружија успешните подготовки. Славеа победа од 29:28 и тоа со решавачки погодок на Мартин Поповски во последните секунди.

Ова беше втор натпревар против истиот противник игран деновите во салата „Борис Трајковски“. Во првиот Македонија исто така прослави победа.

Претходно ракометарите беа во Турција каде прво ја совладаа домашната селекција, а потоа одиграа нерешено со Италија.

Резултати:

Турција – Македонија 23:26
Италија – Македонија 26:26
Македонија – Грузија 25:21
Македонија – Грузија 29:28





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here