Управниот суд ја објави пресудата за рудникот „Иловица“

0
41


Управниот суд денеска на својата веб-страница ја објави пресудата за рудникот „Иловица“.

– Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста  во врска со поднесената тужба од тужителот Друштво за производство, промет и услуги „Еуромакс Рисоурсес“ ДОО Скопје изјавена против решението на Државната комисија УП.број 0810 – 102 од 05.09.2019 година, Управниот суд ја извесува јавноста дека од страна на судот е донесена пресуда У-6 број 575/2019 од 31.03. 2020 година, се наведува во соопштението од Судот.

Истовремено, како што информираат од Судот, се работи за предмет кој е од итен карактер и треба да се постапува за време на траење на вонредната состојба.

– Со донесената одлука од страна на Управниот суд предметот е вратен на повторо одлучување поради процесни неправилности (постоење на претходно прашање за главната работа), додека за главната работа по предметниот спор постапката е во тек, се наведува во соопштението.

Од Судот велат дека наведената одлука е уредно доставена до странките во управниот спор, полномошникот на тужителот и тужениот орган и истата е објавена на веб страната на Управниот суд, а сето тоа согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства (Службен весник на РСМ број 84/2020), рокот од 15 дена започнува да тече од денот на престанувањето на вонредната состојба.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here