Унгарска копија на Вардар: Веспрем ги договори Шишкарев и Македа

0
105


Веспрем, 29 јануари 2020 (МИА) – Унгарски Веспрем полека го составува ростерот што го имаше Вардар.

Негов член од наредната сезона ќе биде Данил Шишкарев, кој по седум години во „црвено-црниот“ дрес, на крајот на сезоната ќе замине од Скопје.

Екипата за која од 2017 година настапува и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков досега ги ангажира Арпад Штербик (се повлекува од ракометот на крај на сезоната), Рожерио Фереира Мораеш, Вуко Борозан, а од есен го добива и Хорхе Македа од ПИК Сегед.

Тренер на екипата е Давид Давис Камара, додека кондиционен тренер е Марија Лојаница.

Прашање е само дали пресликување на добар дел од вардаровиот ростер при освојувањето на првата титула во Лигата на шампиони, само по себе ќе биде доволно за шампионска прослава и во Веспрем.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here