Украина и сурогат мајчинството: Повеќе од 500 бебиња ги чекаат родителите

0
50


Поради пандемијата на COVID-19 во Киев, Украина над 500 новородени бебиња останаа без родители. Станува збор за бебиња добиени од сурогат-мајка, а нарачани од богати родители од Западот.

Порталот rmx.news  објави шокантна снимка на која се гледаат бебиња на клиниката BioTexCom во Киев, кои плачат. Нивните родители не можат да дојдат по нив.

Клиниката BioTexCom се рекламира како центар за репродукција, а во нивниот каталог потенцијалните родители можат да најдат привлечни понуди. Според нив, секое бебе чини само 9.900 евра.

Затворените граници доведоа до тоа родителите да не можат да дојдат по децата, што предизвикува загриженост поради човечка катастрофа и непогодна ситуација за секое дете. Во Европа, Украина е водечка земја за сурогат мајчинство. Повеќе од 500 бебиња чекаат нивните родители да ги згрижат.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here