УЕФА со историски највисока премија за Македонија!

0
118
loading...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва освен што си го отвори патот кон пласман на Евро 2020, откако со победата над Гибралтар обезбеди домашно полуфинале во плејофот за пласман на ЕВРО 2020, добро се опари со освојувањето на првото место во Д-групата во Д-дивизијата од Лигата на нации.

Македонија со триумфот над Гибралтар заработи 1,5 милиони евра и тоа 750 илјади што ги доби за настапот во Лигата на нации, а уште толку за освоеното прво место. Згора на ова, заработи и 1.125.000 евра со самото обезбедување на место во Ц-дивизијата за следниот циклус во 2021 година. Севкупно, Македонија со оваа победа и заверката на првото место стигна до сума од 2,6 милиони евра, сума која никогаш досега не ја добила како бонус од УЕФА.

Црвено-жолтите со првото место обезбедија плејоф за Евро 2020 и место во Ц-дивизијата, а сега ќе сочекаат утре мечот во Приштина (Косово – Азербејџан) за да дознаат со кого точно ќе се сретнат во плејофот за пласман на ЕП.

Ова е исклучително важно, зашто Македонија по заработените 2,6 милиони евра, допрва ја очекува битка за џекпот од 9,25 милиони евра, колку што вреди пласманот на континенталниот собир. Македонија со пласманот во плејофот, сега е на два чекора од историскиот настап на ЕП, а првиот чекор ќе биде дома во полуфиналето, а потоа во финалето, чиј домаќин ќе се решава со ждрепка идната година.

loading...

ФФМ уште пред стартот на Лигата на нации најави дека фудбалерите и стручниот штаб ќе поделат 350.000 евра премии за обезбеденото прво место и пласман во плејофот.

loading...