Тухел: Во Челси сум за да освојувам титули

0
9


Предводникот на „Сините“ не ги крие мабициите дека цели кон титулата во Лигата на шампионите, поктрај таа во ФА купот.

По доаѓањето на Томас Тухел на клупата на тимот од „Стемфорд Бриџ“, Челси почна да игра подобри и с уште е во игра за титула на два фронта. Утре вечер ги чека реваншот со Порто, Челси има предност од 1:0 од првиот натпревар на гостински терен, па сега останува да не дозволу изненадување во Лондон.

„Се наоѓаме пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде нема да најдете тим чија цел не е пласман во полуфиналето“, вели Тухел, од околу наговестувајќи дека и апетитите на неговиот тим се кон пехарот.

„Се наоѓаме и во полуфиналето од ФА купот и имаме шанса да стигнеме до финалето. Ако дојдеме до таму тогаш имаме шанса и да го освоиме“, додава тој.

В сабота Челси го игра тој полуфинален натпревар од најстарото клупско натпреварување на светот, а пречка на патот до големото финале е Манчестер Сити.

„Нема што да криеме. Ова е клуб кој има култура и структура за освојување титули и истовремено победување натпревари. Челси е клуб кој има традиција, историја и менталитет за такви нешта“.

На крајот, Тухел ја откри својата цел од претстојот во Лондон.

„Јас сум овде за да освојувам титули. Овде сум за да победувам натпревари и како резултат на тоа да освојувам и титули. Тоа е она што го барам од самиот себе, па зошто сега би рекол нешто поинаку?“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here