Турција: Во операцијата во Сирија убиени 342 терористи

0
104


Анкара, 11 октомври 2019 (МИА) – Во турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија убиени се, како што рече турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, 342 терористи.

– Нашата војска успешно ја спроведува операцијата „Извор на мирот“ во согласност со нашите планови, рече Акар за NTV, додавајќи дека, според најновите податоци биле неутрализирани 342 екстремисти.

Претходно, турското Министерство за одбрана соопшти дека во операцијата загинал и еден турски војник.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските борци во Сирија.

Советот за безбедност на ОН вчера на итен состанок не успеа да се усогласи за заедничката изјава во која се изразуваше „длабока загриженост“ и ја повикуваше Анкара да ја „запре“ офанзивата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here