Трката за вооружување во вселената е сè потензична! Франција предупредува: Големи војни ќе се водат во вселената

0
185
loading...

Франција би требало повеќе да вложува во надзорот на вселената за никогаш да не стане “арена на идните војни”, изјавила денес министерката за одбрана на таа земја, Флоранс Парли.

Неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека наложил воспоставување на шеста гранка на војската на САД, која ќе се фокусира на вселената, Парли изјавила дека Франција, како нуклеарна сила, верува дека вселената би можела да стане центар на идните судири.

“Мора да бидеме во можност да инвестираме во вселената повеќе од сега, за да можеме да ја надгледуваме и да спречиме да стане центар на големи судири”, рекла министерката.

loading...

Коментарите на Трамп ја зголемиле загриженоста поради трката за вооружување во вселената, иако САД се земја членка на Договорот за космосот од 1967. година, кој забранува стационирање на оружје за масовно уништување во вселената и ја ограничува употребата на Месечината и другите небесни тела.

Идејата за космички сили и претходно ја изнесувале Трамп и претходните американски администрации, а заговорниците на таа идеја велат дека тоа би го направило Пентагон поефикасен.

Кога станува збор за Франција, парламентот на таа земја моментално расправа за закон за воено планирање за периодот од 2019. до 2025. година, според кој “вселената е од голем стратешки интерес”.

“Пред растечките опасности и закани, потребно е понатамошно засилување на новите космички ресурси и системите кои ги користат”, се заклучува во францускиот нацрт закон.

loading...