Три години тајно работат на ракета, сакаат да станат вселенски FedEx

0
97


Компанијата Астра три години во тајност работи на евтина ракета, чија цел е масовно производство за да се намалат трошоците на испорака на сателити во орбитата.

Стартапот кој сака трошоците да ги намали на еден милион долари од лансирање.

Се додека не се обратила до Агенцијата Блумберг, Астра три години работела во тајност. Основачите велат дека целта им е во Вселената да станат она што е ФедЕХ на Земјата.

Првиот лет на компанијата е планиран за 21 февруари. Доколку летот биде успешен, „Кодијак“ ќе стане рекордер по брзината за која од почетокот на производството се нашла во орбитата на Земјата.

Според сопствениците, компанијата вложува во логистиката која треба да овозможи производство на повеќе ракети отколку на промоција на најавениот лет.

-Имаме многу поширок поглед на размерите на овој бизнис, вели изршниот директор на Астра, Крис Кемп.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here