Тричковски со 4 голови ја искина мрежата на Богатинов на Кипар

0
100


Македонскиот голгетер имаше свој ден во кипарското првенство и буквално сам му донесе победа на својот тим.

Синоќа во рамките на 16-тото коло од првата лига на Кипар тимот на АЕК од Ларнака, чиј капитен е Иван Тричковски, гостуваше во Ахна кај Етникос за кој, пак, настапуваат тројца други Македонци: голманот Мартин Богатинов, централниот бек Бојан Марковски и напаѓачот Јован Костовски.

Натпреварот почна лошо за гостите бидејќи Етникос во 19-тата минута преку Костовски поведе, а потоа постигна и втор гол и замина на пауза со водство од 2:0.

Откако АЕК направи три измени на почетокот од второто полувреме, се разбуди нашиот Тричко. Прво во 58-мата минута намали на 2:1 со гол со глава, па негов соиграч израмни на 2:2, а потоа од 81-вата до 89-тата минута постигна три гола за победа од 2:5 на АЕК. Голот за 2:3 го постигна од белата точка, а последните два му беа вистински ремек дела.

http://kajgana.com/

Сите четворица наши фудбалери ги одиграа комплетните 90 минути на овој натпревар.

Со овие 4 голови Тричковски стигна до бројката од 15 и моментално е на чело на листата на стрелци на Кипар пред Шпанецот Рубен Рајо од Анортосис кој има 14.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here