Трамп ја потврди смртта на ал-Багдади

0
96


Вашингтон, 27 октомври 2019 (МИА) – Абу Бакр ал-Багдади е мртов, изјави на денешната прес-конференција американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој истакна дека изминатата ноќ САД донеле „правда за најголемиот терористички лидер во светот“.

Трамп рече дека лидерот на терористичката Исламска држава умрел „викајќи, плачејќи и врескајќи“ откако влегол во тунел од кој немало излез.

Американскиот претседател оцени дека под негово водство,  САД го „уништиле калифатот на ал-Багдади“ 100 отсто. Тој ги опиша ал-Багдади и неговите приврзаници како губитници.

– Тие немаа претстава во што се впуштаат. Во одредени случаи беа уплашени како кутриња, а во други беа тврдокорни убијци, потенцираше Трамп, опишувајќи го лидерот на ИД како „болен и расипан човек“, кого, „сега го нема“.

– Тој беше „злобен и насилен и умре на злобен и насилен начин… Умре како куче. Умре како кукавица. Светот сега е многу побезбедно место. Бог да ја благослови Америка, рече американскиот претседател.

Трамп им се заблагодари на Русија, Турција, Сирија и Ирак и сириските Курди за „одредена поддршка што можеле да ја дадат“. Исто така се заблагодари на „големите експерти за разузнавање“ и на вооружените сили. Тој појасни дека САД го следеле ал-Багдади неколку седмици. Трамп рече дека било опасно да се лета над нечија друга територија, но имале соработка со други држави. – Летавме многу, многу ниско и многу брзо, објасни Трамп.

– Русија нѐ третираше одлично… Ирак беше одличен. Навистина имавме голема соработка, вели тој. Трамп рече дека Турција знаела дека САД „влегуваат“.

Потенцирајќи дека приврзаниците на ал-Багдади треба да знаат дека тој е мртов и оти умрел како кукавица, Трамп дополни дека во операцијата се убиени голем дел од тимот на терористичкиот водач, но дека точниот број треба да се утврди во следните денови. Исто така, тој појасни дека иако се соочиле со „жесток оган“, нема жртви на американска страна, освен што е повредено едно куче, кое е вратено во САД.

Тој ја долови и синоќешната атмосфера во Белата куќа, појаснувајќи дека со неговиот тим во 5 часот изутрина ја следеле во живо акцијата. Трамп рече дека се слушале истрели кон американските хеликоптери, по што Американците возвратиле на огнот.

По убиството, веднаш бил спроведен ДНК тест, а биле донесени во САД и делови од телото на ал-Багдади. – Не остана многу од него, истакна Трамп, додавајќи дека 15 минути подоцна бил потврден неговиот идентитет.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here