Трамп: Уривањето на украинскиот авион можеби е по грешка

0
119


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека уривањето на украинскиот авион можеби се случило по грешка, но додаде дека имал ужасно чувство во врска со тоа, без да наведе детали.

– Некој можеби направил грешка, изјави Трамп во Белата куќа.

Претходно, американскиот неделник Newsweek објави дека украинскиот авион, кој се урна во близина на Техеран, го погодила ракета од руско производство „Тор-М1“.

Весникот се повикува на неименувани официјални лица од Пентагон, како и на американската и ирачката разузнувачка служба.

Според нив, се проценува дека авионот бил случајно погоден.

Авионот се урна неколку часа по иранскиот ракетен напад на две бази во Ирак што ги користат американски војници. 

Според еден од изворите, американските сателити го регистрирале истрелувањето на две ракети непосредно пред авионот да се урне во близина на аеродромот во Техеран, што било проследено и со сведоштва за експлозија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here