Трамп порача дека „засекогаш“ ќе биде претседател

0
104


Сенатот на САД го ослободи Доналд Трамп од двете обвиненија кои беа покренати против него.

Со тоа, заврши процедурата за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Како што се очекуваше, резултат од денешното гласање во Сенатот е ослободување од обвиненијата и по двата предмета на импичментот, злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот.

На тој начин вината од претседателот е симната и тој продолжува да владее како шеф на државата.

Кратко откако беше донесена оваа одлука, тој на неговиот профил на Twitter објави видео во кое порача дека „засекогаш“ ќе биде претседател.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here