Американското воено куче кое беше рането додека го бараше лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, е повторно на должност. Претседателот на САД, Доналд Трамп објави негова фотографија.
Генералот Марк Мил на новинарите им објасни дека кучето има голема заслуга во пронаоѓањето на Ал Багдади, во тунелот каде се криел. Кучето е полесно рането во акцијата, но засега закрепнува и е повторно на должност.
Ал Багдади предизвика експлозија во која покрај себе ги уби и неговите три деца и го рани американското воено куче. Американската војска објави дека деталите за кучето се тајна, вклучувајќи ги и расата и името на кучето.
Но, Трамп на социјалните мрежи објави фотографија од кучето, кое според него, направило голема работа во фаќањето и убивањето на лидерот на ИД.