Трамп задоволен од својот мировен план: Две држави и радост за Палестинците

0
100


Претседателот на САД Доналд Трамп го објави својот мировен план за Блискиот Исток кој според него ќе го реши конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Планот беше објавен по средбата на Трамп со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен политички ривал Бени Ганц.

Немаше претставници на палестинските власти, со оглед на тоа дека Палестина ги прекина дипломатските односи со САД пред две години кога Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел.

Трамп исто така истакна дека новиот план предвидува Ерусалим да продолжи да биде главен град на Израел. Меѓутоа, Израел ќе ја замрзне изградбата на нови објекти во Палестина на четири години, додека се преговара за палестинската државност.

Планот предвидува две држави – Палестина со главен град Источен Ерусалим и Израел со Ерусалим како главен град.

Трамп најави отворање на американска амбасада во Источен Ерусалим и додаде дека Палестинците треба да бидат задоволни бидејќи ова претставува историска шанса за Палестина да стекне државност, како и сценарио во кое нивната територија двојно ќе се зголеми.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here