Трагедија го погоди голманот на Ливерпул: Се удави таткото на Алисон

0
13


Голманот на Ливерпул доживеа тешок удар откако од родниот Бразил стигна веста за трагичната смрт на неговиот татко.

Утринава бразилскиот клуб Интернасуинал, каде порано бранеше Алисон, ја објави веста за смртта на 57-годишниот Жузе Агусчињу Бекер, татко на голманот на Ливерпул.

Тој бил пријавен за исчезнат, а полицијата го пронашла во езеро блиску до неговиот дом по петчасовна потрага. Бил заминат на пливање, по што не се вратил дома. Најверојатно се удавил пливајќи, што дополнително треба да биде потврдено со аутопсија.

„Со голема жалост ја примисвме веста за смртта на Жузе Агусчињу Бекер, татко на нашите поранешни голмани Алисон и Муриел. Народниот клуб им дава поддршка на фамилијата и пријателите во овие тешки мигови“, објави клубот, чиј прекар е У Клуби ду Пову, односно Народен клуб.

Роден во Нову Амбургу, Алисон кариерата ја почна во Интернасиунал од Порту Алегре од каде во 2016 дојде на Стариот континент во редовите на Рома. Во Ливерпул е од 2018 година.

Како што еднаш сам откри, станал голман тргнувајќи по стапките на неговиот татко кој не бил професионален фудбалер, но кога играл фудбал бил голман.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here