Холивудската легенда Патрик Стјуарт од 2013 година е во брак со музичарката Сани Озел. Разликата од 38 години очигледно нималку не им пречи, затоа што изгледаат заљубени како и првиот ден.
Нивната врска кренала вистинска бура во јавноста. Патрик и сакал склопувањето на бракот да остане тајна, но Сани и нивниот кум, Ијан Мекелен, откриле дека Сани и Патрик рекле „да“.
Тогаш се појавила и информацијата дека Патрик е пет години постар од таткото на Сани.
Тогаш Патрик во интервју признал дека таткото на Сани не бил среќен со изборот на својата ќерка и дека долго одбивал да го нарекува зет.
Патрик и Сани ретко се појавуваат заедно, затоа што Сани, како што самата рекла, тешко поднесува медиумско внимание.