Тотенхем го доби Бејл прилично евтино

0
16


Гарет Бејл вчера стигна во Лондон и се сретна со челниците на Тотенхем кои денеска треба да ја официјализираат неговата позајмица од Реал Мадрид.

Британски The Sun објави дека Тотенхем се договорил со Реал за остатокот од големата плата на Бејл која ќе ја преземе, како и прилично евтината отштета од 13 милиони евра за едногодишната позајмица.

Ако сѐ помине како што треба, позајмицата би можело да се продолжи на две години, односно до истекувањето на договорот на Велшанецот со мадридскиот клуб.

Британските медиуми пишуваат дека Бејл (31) изгледал „среќен и задоволен“ додека навивачите на Тотенхем му скандирале: „Гарет Бејл, ти си роден да играш за ‘Спарс’“.

Со ова Бејл ќе стане вториот играч на Реал кој летово стигна во Лондон. „Спарс“ веќе го купија 23-годишниот лев бек Серхио Регилон за 27 милиони евра. Шпанецот потпиша петгодишен договор.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here