Торонто со победа ја започна одбраната на трофејот во НБА лигата

0
109


Торонто, 23 октомври 2019 (МИА) – Актуелниот НБА шампион, тимот на Торонто Репторс го совлада Њу Орлеанс со 130:122 (27:30, 29:31, 32:25, 29:31, 13: 5) во првиот натпревар од новата сезона.

Најзаслужен за победата на канадскиот тим беше Сијакам кој забележа дабл-дабл ефект (34 поени + 18 скокови. Ванвлит постигна исто така 34 поени, додека Лаури застана на 22.

Во поразениот тим најефикасни беа Инграм со 22, Редик со 16 и Харт со 15 поени кој оствари и 10 скокови.

На вториот дуел одигран ноќеска, во градското дерби на Лос Анџелес, Клиперс ги совладаа Лејкерс со 112:102.

Шампионското засилување од Торонто, Каваи Ленард го предводеше Клиперс до триумфот со 30 поени, шест скокови и пет асистенции.

Кај Лејкерс се истакнаа Грин со 28 и Дејвис со 25 поени. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here