Томе Станковски прогласен за најдобар актер на Интеранционалниот театарски фестивал во Приштина

0
98


Актерот Томе Станковски ја доби наградата за најдобар актер на третиот по ред интернационален театарски фестивал во Приштина – PITF за улогата во перформансот „Јас сум актер – човек“, во режија на Теа Беговска. 

Станковски беше номиниран заедно со 10 други актери од Грција, Косово, Бугарија и Хрватска, во најглавната категорија Најдобар актер, оценето од стручното жири.

Ова е трето издание на овој меѓународен фестивал. Томе во перформансот „Јас сум актер – човек“ игра заедно со актерите Даријан Петров и Теа Беговска.

http://kajgana.com/

Ова е прва награда за 33-годишниот актер кој неодамна дипломираше на Универзитот за Аудиовизуелни Уметности – ЕФТА, во класата на професорот Дејан Пројковски и асистентот Андреј Цветановски.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here