Тите го изостави Нејмар од Суперкласико, повика 4 дебитанти

0
103


Бразилскиот селектор Тите уште отсега го објави списокот на играчи со кои ќе ѝ се спротивстави на Аргентина во популарното јужноамериканско Суперкласико.

Најдобриот играч Нејмар намерно е изоставен бидејќи сезонава мака мачи со повреди. Наместо него деби ќе чека тинејџерот од Реал Мадрид, Родригу, како и Доуглас Луис од Астон Вила, Емерсон од Бетис и голманот на Рома, Даниел Фузату. Селекторот Тите повика вкупно 23 играчи од кои сите играат во клубови ширум Европа. Намерно не се повикани играчи од домашното првенство каде токму тој период се игра 33-тото коло.

Големото дерби наречено Суперкласико на Америка помеѓу Бразил и Аргентина е закажано за 15 ноември, а ќе се игра на неутрален терен на „Кинг Сауд Јуниверсити“ стадионот во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

По овој натпревар „Кариоките“ ќе се преселат во соседните ОАЕ каде на 19-ти во Абу Даби копјата ќе ги вкрстат со Јужна Кореја.

Суперкласико датира од 1914 година кога сѐ до 1976 оваа пресметка беше позната како Рока Куп. Возобновен е во 2011 година, а досега Бразил има 12 титули, додека Аргентина 4 од кои последната дури во 1971.

Голмани:
Алисон – Ливерпул, Англија
Едерсон – Манчестер Сити, Англија
Даниел Фузату – Рома, Италија

Одбрана:
Данилу – Јувентус, Италија
Емерсон – Бетис, Шпанија
Алекс Сандру – Јувентус, Италија
Ренан Лоџи – Атлетико, Шпанија
Едер Милитау – Реал Мадрид, Шпанија
Фелипе – Атлетико, Шпанија
Маркињус – ПСЖ, Франција
Тијагу Силва – ПСЖ, Франција

Средина:
Артур – Барселона, Шпанија
Каземиру – Реал Мадрид, Шпанија
Фабињу – Ливерпул, Англија
Лукас Пакета – Милан, Италија
Доуглас Луис – Астон Вила, Англија
Филипе Кутињу – Баерн, Германија

Напад:
Давид Нерис – Ајакс, Холандија
Роберту Фирмину – Ливерпул, Англија
Габриел Жезус – Манчестер Сити, Англија
Ричарлисон – Евертон, Англија
Родригу – Реал Мадрид, Шпанија
Вилијан – Челси, Англија





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here