Тинејџерската тениска сензација Коко Гауф од САД помина во второто коло од Австралија Опен по победата во првото коло против Венус Вилијамс со резултат од 2:0 по сетови 7:6 (7:5) и 6:3.
Постарата сестра ВИлијамс во првиот сет беше поразена по тај-брејк со резултат од 7:5, а потоа во вториот сет славеше со 6:3.
Ова е втор случај 15-годишната Гауф да слави против Венус во првото коло на еден Грен слем турнир.
Гауф беше подобра од постарата Вилијамс во првото коло на минатиот Вимблдон.
Гауф во второто коло ќе игра против Романката Сорана Кирсти која славеше против Барбора Стрицова со 2:0.
„Сакам да се заблагодарам што го скандиравте моето име. Мислев дека тоа може да се случи само на УС Опен и тоа што доживеав скандирање тука во Австралија ми значи многу“, изјави Гауф по мечот.
Гауф се вбројува како четвртата жена во изминатите 30 години која победила на најмалку 6 големи натпреварувања пред да наполни 16 години.