Тешки два бода за шампионот МЗТ Скопје на гостувањето кај Кожув

0
118


Гевгелија, 12 октомври 2019 (МИА) – Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше одбраната на титулата, откако вечерва во Гевгелија славеше минимално против Кожув со 78:76.

Тесна победа забележа и Куманово на домашен терен над Пелистер со 84:79.

Фаворитските улоги ги оправдаа Еуроникел со триумфот во Скопје против Вардар 92:82 и Гостивар со победата над Академија ФМП со 95:75.

Првото коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе биде заокружено на 16 октомври со дуелот меѓу Работнички и младинскиот тим на МЗТ Скопје.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here