Тешка победа за Ѓоковиќ на стартот во Париз

0
119


Париз, 30 октомври 2019 (МИА) – Новак Ѓоковиќ забележа тежок успех на Мастерс турнирот во Париз.

Србинот го совлада 20-годишниот Французин Корентен Муте со 7-6 (2), 6-4 за 1 час и 45 минути игра. Ѓоковиќ, кој е четирикратен шампион и финалист на турнирот минатата година, изненадувачки можеше да го загуби првиот сет, за кој Муте сервираше при водство од 5-4. Младиот Французин, сепак, не издржа на притисокот, а подоцна загуби во тајбрејк.

Во вториот дел, Ѓоковиќ на двапати забележа брејк, но повторно загуби на свој сервис, што на крајот не го спречи да го затвори натпреварот.

Србинот направи вкупно три брејка на натпреварот против два за Муте, но не импресионираше со неговите настапи. Во следната фаза, Ѓоковиќ ќе се сретне со победникот од дуелот Кајл Едмунд – Диего Шварцман, кој се игра во моментов.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here