Тетовец пријавен за семејно насилство од сопругата и синот

0
106


На 01.02.2020 на ул.„Црнотравска“ во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Љ.Б.(59) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 01.02.2020 во 17.20 часот во СВР Тетово, неговата сопруга и нивниот син, и двајцата од Тетово, пријавиле семејно насилство од страна на Љ.Б.

Според пријавеното, тој околу 15:1 5 часот дошол во семејниот дом во алкохолизирана состојба и физички ја нападнал сопругата, по што синот, во обид да го спречи својот татко, бил нападнат од Љ.Б. со секира.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here