• Дома
  • Свет
More

    Терорист извршител на масакр во Белгија се брани дека е наместен од МОСАД

    Денеска со ждрепка во Белгија ќе бидат избрани дванаесетте поротници кои до почетокот на март ќе го следат судењето на Немуш Мехди. Почетокот на овој голем судски процес за тероризам почнува под силно полициско обезбедување. Осомничениот ќе биде присутен на судењето, најавија неговите адвокати.

    На 24 мај, безбедносните камери на Еврејскиот Музеј во Брисел покажуваат како Мехди Немуш влегува внатре со торба, очила за сонце и капа на главата и излегува само 82 секунди подоцна откако убил четири лица: брачен пар од Израел, Емануел (54) и Мириам (53) Рива, Доминик Сабрие (66), белгиска волонтерка во музејот и Александр Стренс (25), од мароканско и еврејско потекло, вработен во музејот и кој ќе им подлегне на раните неколку денови подоцна.

    Наоружан со револвер и автоматска пушка Немуш бега една седмица, додека не го уапси француската полиција. Во неговиот багаж полицијата пронајде калашников завиткан во знаме на Исламската Држава, муниција и лични предмети слични на оние кои ги носел за време на нападот, снимен од безбедносните камери на музејот. Во торбата се пронајдени и исечоци од белгиски весници за нападот. Француските власти го екстрадираа во Белгија веднаш но Немуш молчи и тврди дека е невин.

    Одбраната на Немуш, адвокатите Себастиен Куртоа и Хенри Лаке, велат дека ќе се брани дека е невин и ќе открива теорија на заговор на израелските тајни служби, Мосад.

    Адвокатите на Еврејскиот Музеј и на други асоцијации на еврејската заедница од нивна страна изразија запрепастеност и неверување за оваа стратегија на одбраната.

    Но оваа одбрана тешко ќе помине со оглед на доказитае сведоците но и аудио снимки пронајдени во Брисел во кои тој го најавува нападот врз Музејот како почетокот на “многу други”.

    Од сведоците се очекуваат и четворица француски новинари, поранешни заложници на Исламската Држава во Сирија, кои го идентификуваа Немуш како еден од нивните чувари во Алепо и го опишаа како “брутален”.

    Немуш е познат и за неговите врски со други осомничени џихадисти во Белгија и Франција стекнати за време на неговиот престој во Сирија во текот на 2014. Меѓу нив е Абделхамид Абауд, организатор на терористичките напади во Париз на 13 ноември 2015, и Нажим Лашрауи, камиказата од нападот на бриселскиот аеродром на 22 март 2016. И двајцата биле чувари на заложници во Алепо, Сирија, како Немуш.

    Recent Articles

    Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

    Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија...

    Ова се новите цени на горивата

    Регулаторна ги објави новите цени на горивата – цената на 95-октанскиот бензин се намалува за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за...

    Заев: Легитимно е да се бара, но сега има поважни работи од избори

    Премерот Зоран Заев очекува на вечерашната лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде покажана одговорност и да се направи обид за...

    Обвинителството бара 12 години затвор за поранешниот албански прв полицаец

    Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Поради согласнот на судот за скратена судска постапка...

    Ce*c исповед на студентка од Белград

    “Се доселив во таа зграда на 19 години, кога започнав да студирам. Не помина многу, запознав неколку комшии и нешто се случи во тоалетот,...

    Related Stories

    Stay on op - Ge the daily news in your inbox