ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

0
114


Кејт Кејн бара правда за Готам како Бетвуман

 

Универзумот на Ероу добива нов суперхерој. Овој пат, таа ни доаѓа од еден од најпопуларните градови во околината – Готам! За прв пат на малите екрани ние имаме можност да го погледнете животот на Кејт Кејн, односно Бетвуман, која решава да го облече костумот на Бетмен и да ги преземе нештата во своите раце.

ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

Иако е освежувачко да се види олку моќен женски карактер во овој свет, сепак оваа ТВ серија не ги задоволува сите критериуми за да се најде на истата висина како Ероу (Arrow), Флеш (Flash), Легендите на утрешнината (Legends of Tomorrow) и Супергрл (Supergirl). Причините се повеќе, но онаа што најмногу се издвојува е самата актерка која ја доби главната улога.

Руби Роуз е одлична актерка, но изгледа многу вкочането како Бетвуман. Барем сега засега. Таа не успева да ја освои публиката со шарм како Стивен Амел (Ероу), Грант Гастин (Флеш) или пак, Мелиса Беноа (Супергрл). Сите тие внесоа нешто уникатно во својата улога, нешто по што се препознатливи сега. Дали и Руби Роуз ќе успее да го направи истото, останува на времето да покаже.

ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here