„Твитер“ им порача на своите вработени: Може засекогаш да работите од дома

0
50


Компанијата „Твитер“ им порача на своите вработени дека можат да „работат“ од дома „засекогаш“ дури и по завршувањето на пандемијата со коронавирусот.

„Твитер“ ја објави одлуката, откако претходно на социјалните мрежи соопшти дека мерките за работа од дома, донесени заради пандемија, дале добри резултати. Сепак, компанијата додаде и дека откако ќе се олабават мерките, ќе им овозможи на сите работници, доколку сакаат, да работат од канцеларијата.

Имено, „Гугл“ и „Фејсбук“ на почетокот на овој месец соопштија дека нивните вработени можат да работат од дома до крајот на годинава, пишува Би-би-си.

-Во текот на изминатите неколку месеци докажавме дека можеме да функционираме на овој начин. Значи, доколку на работниците повеќе им одговара да работат од дома, ние тоа ќе им го овозможиме- велат од компанијата „Твитер“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here