Тадиќ: Игравме убав фудбал, водевме, потоа судијата нѐ покраде

0
96


Србинот не може да се помири дека Ајакс испушти 1:4 кај Челси поради два црвени картони и два пенала, па јавно го нападна главниот судија.

„Бевме многу подобри. Би требало да зборуваме за нашата игра бидејќи водевме 4:1 и сѐ беше под контрола, но потоа еден човек ни украде сѐ. Ова е големо разочарување. Наместо да зборуваме за тоа колку убав фудбал игравме, не можеме бидејќи дојде еден и нѐ покраде“, видно изнервиран беше српскиот голгетер.

Ајакс до 63-тата минута водеше со 1:4 на гости кај Челси. Потоа судијата Џанлука Роки за неполна минута ги им покажа црвен картон поради втор жолт на Дејли Блинт и Џоел Велтман,  па Холанѓаните со 9 играчи примија два гола и испуштија победа.

„Видовме ситуација каде имаше фаул над Дејли Блинт, потоа немаше втор жолт за Блинт, потоа немаше ни втор жолт за Велтман, потоа немаше ниту пак пенал. Никогаш во животот не сум видел ваква тројна кражба, никогаш. Но, сѐ започна со фаулот над Блинт, мислам беше фаулиран од Пулишиќ“, ги наброја Тадиќ сите причини за испуштената победа.

Покрај двата црвени, против Ајакс беа досудена и два пенала кои успешно ги реализираше Жоржињо.

http://kajgana.com/

„Големо разочарување. Не сакам да барам изговори, не сакам да зборувам за други. Би требало да зборуваме само за тоа дека Ајакс играше многу подобро од Челси, но не можеме бидејќи еден таму ни ја уништи играта“, заврши Тадиќ.

Веројатно УЕФА ќе го казни Србинот за ваквите изјави бидејќи обично не дозволува судиите да бидат јавно критикувани без разлика дали и колку погрешиле.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here