Сцена од „The Meaning of Life“ покажува колку Монти Пајтон беа пред своето време

0
126


„Monty Python’s The Meaning of Life“, или попознат едноставно како „The Meaning of Life“ е легендарен британски филм составен од комични скечови, напишани и изведени од трупата Монти Пајтон во 1983 година.

Ова е последниот филм во кој се појавуваат сите шест оригинални членови на трупата, пред смртта на Греам Чапман во 1989 година.

За разлика од „Holy Grail“ и „Life of Brian“ во кои се опфаќа по една кохерентна приказна, „The Meaning of Life“ се врати на форматот со скечови, она што трупата оригинално го работеше за ТВ-серијата 12 години претходно.

http://kajgana.com/

Филмот имаше премиера на 23 јуни, 1983 година во Велика Британија и стана едно од најпознатите, најпрепознатливите и критички прифатени остварувања во британската ТВ и филмска продукција. Добитник е на Гран при наградата на Канскиот филмски фестивал и се вбројува во листата 20 култни филмови на The Boston Globe од 2010 година.

Темите што ги опфатија членовите на Монти Пајтон пред повеќе од 35 години се актуелни до ден-денес.

Еден од скечовите, насловен „The Miracle of Birth”, што Universal Pictures го споделија на својот YouTube канал неодамна, потсетува колку Монти Пајтон беа пред своето време во темите и начинот на кој ги обработуваа.

http://kajgana.com/

Имено, во една сцена од скечот мајката прашува дали новороденото бебе е машко или женско, а докторот ѝ одговара: „Нели е малку рано да му наметнувате улоги на детето?“

Оваа реплика, иако е стара повеќе од 35 години, совршено одговара на актуелната клима во дискурсот за родовата еднаквост, но и ширењето на спектарот на половата припадност и идентификација.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here