Суров потег на Фергусон: Кин влезе, па излезе од игра за нецели 18 минути

0
147


Фудбалерите на Еверетон вчера одиграа дуел од 17-тото коло на Премиер лигата на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед, а средбата заврши со 1:1.

Гостите водеа со автоголот на Линделоф, по една сомнителна ситуација во шеснаесеттерецот на домаќините. Фудбалерите на Јунајтед бараа прекршок врз голманот Давид де Хеа. Јунајтед дојде до изедначување во 77. минута со голот на Гринвуд.

Она што ќе остане запаметено од натпреварот е чудната одлука на Данкан Фергусон.

Тренерот на Евертон прво го внесе во игра талентираниот Моис Кин во 71-ва минута и го повлече во 89-тата.

Кин разочаран и зачуден се упати право во тунелот кон соблекувалната, а Фергусон се правдаше за суровиот потег кон 19-годишниот Италијанец.

„Мислам дека е разбирливо што изреагира така. Кога си измена и ќе ве сменат откако си влегол во игра, таквата реакција е очекувана. Јас само сакав некој со одморени нозе“, објаснуваше Фергусон и додае дека сакал само „да ќари време“ и дека најверојатно ќе му се извини на младиот Кин.

„Можам да сфатам зошто е вознемирен, ама станува збор за екипата. Не е ништо лично.“

Реакциите на твитерџиите се движеа од осуда на Фергусон до пукање сеир со Кин:





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here