Супа од сладок компир и црвена леќа

0
22


Лесна и хранлива, оваа супа од сладок компир и црвена леќа изобилува со одличен вкус и совршена е за загревање на студен зимски ден. Исто така, овоj рецепт е вегански, без глутен и млечни производи.

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 сечкан кромид
  • 1 среден сладок компир исечен на коцки од 1 см
  • 3 средни моркови исечени на коцки од 1 см
  • 2 мали пашканати исечени на коцки од 1 см
  • 2 пиперчиња исечени на парчиња за грицкање
  • 2 чешниња лук мелени или рендани
  • 3 см реднан ѓумбир
  • 1 лажичка сушено чили
  • 200 гр црвена леќа
  • 2 л топол зеленчуков булјон или топла вода
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги маслиново масло и кромидот во големо, широко тенџере. Пржете го кромидот на тивок оган 5 минути, додека не омекне. Повремено мешајте.
  2. Завртете ја топлината на средно и додајте го сладкиот компир, морковите, пашканатот и пиперките и пржете уште 3 минути, често мешајќи. Додајте ги ѓумбирот, лукот и чилито и пржете уште 2 минути.
  3. Додајте ги леќата, булјонот или водата и малку сол или по вкус.
  4. Оставете да зоврие, а потоа намалете го огнот. Гответе 20 минути или додека не омекне целиот зеленчук. Повремено мешајте за да спречите лепење.
  5. Измешајте ја супата додека да ја добиете вашата посакувана текстура и додајте малку врела вода ако е премногу густа.
  6. Послужете со леб. Добар апетит!

Moжеби ќе сакате да ја пробате и оваа супа од компир за студените месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here