Судската администрација излезе на протест за да ја зголеми платата на судиите, тврди САДУ

0
90


Скопје, 15 ноември 2019 (МИА) – Судската администрација излезе на еден и полчасовен протест за да ја зголеми и онака големата плата на судиите.

Судската администрација во режија на УПОЗ само го верификува она што судската фела и го сакаше, процентуална еднаквост на додатоците на плата, порачуваат од Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ).

Сметаме, се додава во соопштението на САДУ, дека со овој чекор се прави голема неправда и ќе доведе до изразена нееднаквост на и онака големата разлика во примањата ќе стане уште поголема.

– Бидејќи примањата на судиите се многу поголеми од вработените во судската администрација, додатокот на судија за ризик сега ќе изнесува 7.000 денари, а на судските службеници 1.500 денари, а замислете УПОЗ ќе креира еднаквост на штета на вработените во судовите, велат од САДУ и потенцираат дека додатоците на плата мора да бидат со исти реални вредности, бидејќи тие не се плата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here