Судењето за „Титаник“ продолжува на 20 декември

0
129


Скопје, 16 декември 2019 (МИА) – Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжува на 20 декември.

Последни беа сослушани сведоците, кои во 2011 година биле управители на фимирите „Сиива“ и „МИК Свети Николе“.

Тие одговараа на директни прашања од обвинителката Лиле Стефановска, за тоа дали фирмите давале услуги за кампањата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година и како ги наплаќале – дали директно или преку трети фирми. Откако сведоците не можеа да се сетат на кого и како фактурирале, обвинителката им посочи и конкретни фирми за кои биле фактурирани услуги, меѓу кои и фирмата „Полиестердеј“.

Претходно, на предлог на Обвинителството како прв сведок беше сослушан Сеад Кочан, кој во 2011 година бил управител на „Трансмет”, кој рече дека не се сеќава, но мисли дека лично никогаш нема донирано средства за ниту една партија, па ниту за ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан дали фирмата „Трансмет” на која тој бил управител била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Кочан рече дека фирмата никогаш не донирала средства на таа политичка партија.

Втор беше сослушан сведокот Здравко Кочишки, сопственик на фирма за изнајмување на аудио и визуелна опрема за настани, кој рече дека за изнајмување на ваква опрема во 2011 година не и фактурирале на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но по проверка со Обвинителство било утврдено дека неговата фирма фактурирала за услуги на компанијата „Трансмет”.

Прашан како им било платено за изнајмената опрема на ВМРО-ДПМНЕ, сведокот рече дека не може да се сети за нешто пред девет години.

– Во консултација со вашите луѓе кога дојдоа кај нас во фирма и при проверка дали сме фактурирале на фирма „Трансмет“, испадна дека сме фактурирале, изјави сведокот Кочишки.

На прашање од одбраната како фактурирале за изнајмената опрема на СДСМ директно или преку трети фирми, сведокот рече дека не се сеќава.

На денешното рочиште требаше да биде сослушан и сведокот Логин Кочишки, но не беше обезбедено негово присуство.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here