Стружанец ограбил училиште за време на полициски час

0
78


Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (31) од Струга.

На 29.03.2020 во 16.35 часот, за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, полициските службеници го затекнале пријавениот на ул.„Боро Хаџиески Путе“ во Струга.

По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој, на 28.03.2020 година, извршил тешка кражба во ОУ„Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, противправно одзел повеќе видoви на машини и апарати.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here