Стотина илјади луѓе скандираа „Смрт за Америка“ на улиците во Иран

0
91


Стотина илјади луѓе се собраа на улиците во иранскиот град Ахваз за да го пречекаат телото на Касем Сулејмани кој беше убиен во нападот од страна на САД во Ирак.

Во Ахваз граѓаните извикуваат „Смрт за Америка“, пренесува BBC.

Сулејмани стана познат во Иран и во странство како водач на странскиот огранок на Револуционерната гарда и за неговата улога во борбите во Сирија и Ирак.

http://kajgana.com/

Тој беше клучен во ширењето на иранското влијание на Блискиот исток, кое се обидоа да го ограничат САД и регионалните ривали на Техеран, Саудиска Арабија и Израел.

Во текот на изминатите 20 години, тој преживеал повеќе обиди за атентат од агенции од Западот и од израелски и арапски агенции.

Тој е убиен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here