Стил и помодарство на Моден викенд Скопје

0
131


Јубилејното издание на Моден викенд Скопје е доволна причина за возбуда сам по себе.

Дизајнерските имиња ги покажуваат нивните визии за актуелната сезона и нивните концепти за иднината на модата. Тие со себе носат и своја, специфична модна публика.

Од сегашни и поранешни модели, јавни личности, модни новинари и блогери, како и најновата категорија во посетителските редови – инфлуенсерите.

Нивните модни комбинации се секогаш интересна тема за разговор за време на Модниот викенд Скопје, но тој разговор е ограничен во шепотењата меѓу ревии и онлајн четови и коментари.

И по 20 сезони FWSK неизбежни се канцелариските сакоа и матурските фустани, а да не зборуваме за тоа дека не се прави дистинкција меѓу дневна и вечерна комбинација.

Без обид за стилски пуризам, сепак стилот (треба да) е израз на индивидуалноста.

Дел од гостите сакаат да им оддадат почит на дизајнерите и да ја изразат нивната поддршка, па избираат креации што изминатите сезони сме ги виделе на писта. Тие одлуки понекогаш поминуваат неславно, со оглед на тоа дека дизајнерската креација во комбинација со пригодата и изборот на модни додатоци може да биде „експлозивен коктел“.

Тука се и оние кои сакаат да бидат впечатливи по секоја цена, па желбата да се биде индивидуален често резултира со изглед што е повеќе карикатурен отколку екцентричен.

Актуелните трендови уште се под силно влијание на 90-тите, па комбинации со елементи од различни слоеви на оваа деценија не изостанаа оваа сезона: од гранџ и хероин шик естетика и комбинации што се чини излегле целосно од сцена во „Reality Bites“, „Clueless“ или „Clerks“ до класични изгледи во стилот на супермоделите на Петер Линдберг.

Секако, тука се и оние посетители кај кои е видно дека она издание во кои ги гледаме на ревиските вечери, од класично до еклектично, е изглед што го негуваат во нивното секојдневие. Удобноста се чита во нивниот говор на тело, а вниманието на детали го „издава“ нивниот префинет вкус.

Додека ги подготвуваме аутфитите за затворањето на јубилејното издание на Моден викенд Скопје, не заборавајте дека модата е само предлог врз кој го градите личниот стил.

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

http://kajgana.com/

Фото: FWSK





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here