Стефан Ристовски: Зошто утре да не биде уште еден историски натпревар за нас?

0
90


Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски и десниот бек Стефан Ристовски на официјалниот прес ги изнесоа очекувањата за утрешниот натпревар против Полска во квалификациите за ЕУРО 2020.

“Долго време бев повреден и навистина не знаев како моето тело ќе реагира. Но кога видов дека во Скопје нѐ чека таква атмосфера и дека 20 илјади публика имаше на трибините, оставив на страна сѐ.

“Македонија е тука каде што е. Свесно или несвесно се доведовме во една ваква ситуација. Полска има сериозен кадар, но не видов искрено дека квалитативно се којзнае колку разлика од нас. На овој прекрасен стадион ќе одиграат добро, ќе одиграме и ние. Свесни сме, но можеби и не сме, за ситуацијата дека се бориме за ЕП.

Мораме да влеземе со ладни глави и психички сме каде што треба да бидеме. Зошто утре да не биде уште еден историски натпревар за нас? Уште подобро ќе се чувствуваме играјќи пред толку публика. Ако сакаме на Европско првенство, мора да се навикнеме на ваква атмосфера, мора таа да е секојдневие, како што се подготвува да биде тука во Варшавa”, рече Стефан Ристовски.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here