Стартува летното кино „Мирно лето“ во Кинотека

0
10


Со проекција на документарниот филм „Forte“ од програмата на фестивалот „Вечери на женски права“ на режисерот Дејвид Донели вечер во дворот на скопската Кинотека почнува летното кино „Мирно лето“.

Во рамки на фестивалот „Вечери на женски права“ ќе бидат прикажани документарните филмови: „Women’s Day“ на Долја Гавански и „It’s a Teen’s World – Wired for Sex, Lies and Power Trips“ на Лин Глазиер.

Програмата на летното кино продолжува со традиционалната Недела на италијански филм, која за тема ја има емиграцијата, а ќе бидат прикажани седум филмски наслови: „Pane e cioccolata“ (1974) на Франко Брузати; „Nuovomondo“ (2006) на Емануеле Криалезе; „Permette? Rocco Papaleo“ (1971) на Еторе Скола, „Benvenuti al sud“ (2010) на Лука Миниеро; „Sacco e Vanzetti“ (1971) на Џулиано Монталдо; „Bello, onesto, emigrato in Australia sposerebbe compaesana illibata“ (1971) на Луиџи Ѕампа и „Bianco, rosso e Verdone“ (1981) на Карло Вердоне.

Според програмата, ќе има две вечери со проекции на филмови во рамките на летното издание на Скопје филм фестивал, а на 26 мај ќе се одржи и церемонијата на доделување на годишната награда на Кинотеката „Златен објектив“. Годинашни добитници на „Златниот објектив“ – награда на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија се режисерот Коле Манев и монтажерот Спасе Тасевски.

Кон крајот на мај ќе почне и 11. издание на Филозофскиот филмски фестивал, кој продолжува и во текот на јуни, а ќе бидат прикажани и филмови од Неделата на јапонскиот филм, Неделата на новиот германски филм, проекции на дигитално реставрираните македонски играни филмови „Мирно лето“ и „Фросина“…

Билетарата на Кинотеката ќе биде отворена секој ден од 19 часот, а проекциите ќе почнуваат во 20:30 часот. Проекциите се одвиваат со целосно почитување на препораките за заштита од COVID-19, информираат од Кинотеката.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here